fbpx

Седум причини зошто ви се потребни социјални медиуми

by admin

Социјални медиуми – тие целосно го изменија интернетот. И светот. Кои се причините зошто вашиот бизнис мора да има стратегија за социјални медиуми? Ова се седумте најважни.

Го покажувате вашиот бренд

Социјалните медиуми нудат уште еден маркетинг канал за зголемување на свеста за вашиот бренд, градење на врска со вашите потрошувачи и зголемување на продажбата. И тоа, за прилично мала инвестиција.

Развивате заедница на лојални потрошувачи

Луѓето сакаат да бидат дел од бизниси кои проактивно ја градат својата заедница. Онлајн присуството може да ви помогне да воспоставите емотивна конекција помеѓу вашата компанија и потенцијалните купувачи, што е клучно за вашиот долгорочен развој.

Ја подобрувате услугата

Социјалните медиуми се одличен извор на фидбек. Ако им овозможите на заинтересираните муштерии да комуницираат со вашата компанија и меѓусебно, тоа може да ви ја подобри услугата и да ја зголеми довербата во вашиот бренд.

Ја зголемувате дигиталната видливост

Интерактивноста на социјалните мрежи ја зголемува вашата онлајн присутност меѓу корисниците кои може неограничено да ги споделуваат вашите содржини, понуди, производи и на тој начин да станат ваши бренд амбасадори.

Го зголемувате бројот на веб посети

Социјалните мрежи се голем извор на потенцијални купувачи и континуирано ви носат посетители на веб страницата. Тие помагаат и со SEO или оптимизацијата за веб пребарување бидејќи веб пребарувачите во резултатите ги исфрлаат и вашите објави на социјалните мрежи.

Ја зголемувате продажбата и наоѓате нови купувачи

Вашите потенцијални муштерии ги искажуваат своите потреби на социјалните мрежи и тоа може да ви помогне да одговорите на нивните конкретни барања.  Тоа ќе ви ја зголеми продажбата, но и ќе ви ја прошири базата на купувачи.

Ги намалувате трошоците за маркетинг

Споредено со традиционалните канали како телевизија, печат и аутдор адвертајзинг, маркетингот на социјални медиуми е евтин и достапен за секој бизнис. Но,  успешното менаџирање на социјалните мрежи бара време и знаење. Затоа, препуштете ни го нам. Во МЕДИА ТАГ секојдневно се грижиме за онлајн присуството на компании како вашата.

Контактирајте нѐ и направете ја разликата уште денес.

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

Privacy & Cookies Policy